Конечно се најде клуб кој го сака Герет Бејл на позајмица

Дерби

16/06/2019

11:52

1.736

Големина на фонт

а а а

Медиумите на Островот пишуваат дека конечно би можела да заврши агонијата на Герет Бејл со потрагата по негов нов клуб во кој ќе настапува следната сезона.

Манчестер Јунајтед го откажа интересот за велшкиот фудбалер, а не е тајна дека Тотенхем го посакува во своите редови, но не може да ги плати неговите енормни барања, па токму затоа отпишано е и негово враќање во Лондон.

Сега, „Сан“ пишува дека платата на Бејл наводно подготвен е да ја плати Баерн Минхен кој ќе го донесе велшкиот фудбалер како замена за Робен и Рибери.

„Баварците“ биле подготвени да платат 350.000 фунти неделна плата за фудбалерот кој изминатава година мака мачеше да влезе во добра и константна форма.



Спонзорирани линкови

Маркетинг