Кои познати имиња не беа присутни на свадбата на Рамос

Дерби

16/06/2019

11:06

1.728

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос денеска ја круниса својата долгогодишна врска со Пилар Рубио на свадба во Севилја, церемонија на која беа присутни голем број на познати имиња од светот на фудбалот.

Рамос и Пилар очекувале околу 500 гости, но според шпанска „Марка“ таа бројка не е постигната, а причината за тоа се отсуствата на дел од колегите на дефанзивецот. Од оние што се позначајни ги нема Зинедин Зидан, Герет Бејл, Икер Касилјас и неговата сопруга Сара Карбонеро, Жерард Пике и Шакира, Иско Аларкон, Карим Бензема, Дани Карвахал, Тибо Куртоа, Винисус Жуниор… а го немаше ниту Кристијано Роналдо кој според инормациите не добил покана за оваа свечена церемонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг