Ајакс ја одреди цената за уште еден свој играч кој е пред преселба во Премиер лигата

Дерби

15/06/2019

13:37

1.201

Големина на фонт

а а а

Фудбалерите на Ајакс по извонредната сезона која ја имаат зад себе го привлекоа вниманието на бројни европски гиганти.

Откако Френки Де Јонг се согласи за трансфер во Барселона, а Матијс Де Лихт е се поблиску до премин во ПСЖ, следен кој би требало да го напушти клубот е Хаким Зијеш.

За Зијеш постои нескриен интерес од неколку гиганти, а од Ајакс ќе го пуштат да си замине за „само“ 35 милиони евра.

Мароканецот сака да ја продолжи кариерата во Премиер лигата од каде најсериозен интерес има од таборот на Арсенал. Се верува дека и Манчестер Јунајтед се распрашува за него, а од останатите европски тимови, Баерн Минхен има намера да го ангажира одличниот офанзивец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг