Европа е поделена: Велика Британија го обвинува Иран за нападот на танкерите, Германците тврдат дека нема докази...

Точка

15/06/2019

10:30

3.282

Големина на фонт

а а а

Велика Британија ги обвини Иран и иранската Револуционерна гарда за нападот на танкерите во Оманскиот залив, истакнувајќи дека ниту една друга држава не може да биде одговорна за тоа.

Шефот на британската дипломатија Џереми Хант ги осуди нападите, истакнувајќи дека ги прекршуваат меѓународните норми и ги повика иранските власти да стават крај на сите облици на дестабилизирачка активност.

„Овие последни напади се надоврзуваат на претходното дестабилизирачко однесување на Иран и претставуваат закана по регионот“, изјави Хант.

Американската армија синоќа објави снимка на која што, како што се тврди, може да се види како иранската Револуционерна гарда остранува мина која не експлодирала од еден од двата нападнати танкери во Оманскиот залив.


Од друга страна, германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас истакна дека снимката која ја објавија Американците, не може да биде доволна за да се обвини Иран за нападот на двата танкери.

„Таа видео снимка не е доволна. Јасно ни е што е прикажано на неа, секако, но за да донесеме конечна одлука за тоа кој стои зад нападот, ова не е доволно“, порача шефот на германската дипломатија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг