Шок за Голден Стејт и Томпсон: Клеј заработи тешка повреда

Дерби

14/06/2019

13:53

2.154

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт Вориорс по три години го загуби трофејот во НБА Лигата откако со 4:2 беше поразен од Торонто во финалната серија.

За шокот да биде уште поголем, во претходниот натпревар Голден Стејт го загуби Кевин Дурент кој ќе отсуствува до февруари следната година, а вчера тешка повреда заработи Клеј Томпсон.

Еден од најдобрите кошаркари на „воините“ заработи руптура на предните вкрстени лигаменти, повреда која ќе го оддалечи најмалку шест месеци од терените.

За работата да биде уште пострашна за одличниот шутер, тој овие денови требаше да потпише нов договор со Голден Стејт вреден 190 милиони долари за четири сезони, но сега од таборот на клубот од Оукленд можеби ќе размислат дали ќе му понудат толку богат договор.

Томпсон е познат како голем борец, па и покрајстраотната повреда се обиде да го продолжи натпреварот, но единствено што успеа е да испрати две слободни фрлања по кои мораше да го напушти паркетот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг