Снимки кои може да започнат војна: Американците објавиле видео на кое Иранците отстрануваат докази и мини кои не експлодирале на танкерот

Точка

14/06/2019

12:50

11.615

Големина на фонт

а а а

Американската војска објавила видео снимка на која, како што се тврди, се гледа како иранската Револуционерна гарда отстранува мина која не експлодирала на еден од двата нападнати нафтени танкери во Оманскиот залив.

Централната команда на американската војска објавила и фотографија на која наводно се гледа магнетна мина, која е прицврстена за едната страна на јапонскиот брод, пред да биде отстранета. 

Портпаролот на централната команда, Бил Урбан, рекол дека бродот на иранската Револуционерна гарда бил забележан во 16:10 часот по локално време, како се доближува до јапонскиот танкер.

"Тој е набљудуван и снимен како отстранува неексплодирана магнетна мина од "Кокука курејџес"", навел Урбан во соопштението.

Гласот на Америка претходно пренел дека нафтени танкери биле оштетени во нападите во Оманскиот залив во близина на брегот на Иран - во една од најраздвижените морски рути за превоз на нафта на светот.

Норвешката поморска агенција соопштила дека трите експлозии се случиле на норвешки танкер, а претходно бил нападнат танкер во сопственост на Јапонија.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео за нападот го обвинил Иран, на основа, како што рекол, на разузнавачките податоци за користеното оружје.

Техеран претходно соопштил дека нема врска со инцидентот и дека некој се обидува да ги дестабилизира односните меѓу Иран и меѓународната заедница.

Поради нападот, цените на нафтата скокнале за четири проценти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг