Бесниот Тоти пред разделба со Рома: Набрзо ќе ја слушнете мојата верзија

Дерби

13/06/2019

19:35

2.594

Големина на фонт

а а а

Франческо Тоти се очекуваше да добие позначајна директорска улога и поголемо влијание врз трансфер одлуките на Рома по заминувањето на Мончи, но откако легендата на клубот не беше повикан на клупскиот состанок кој се одржа во Лондон, се појавија шпекулации дека „принцот од Рим“ ќе стави крај на директорската функција на „Олимпико“.

Како што тврдат угледните италијански медиуми, Тоти бил посебно лут што не бил повикан на клупската средба која ја одржале претседателот Палота, директорот Балдини, оперативецот Фиенга и тренерот Фонсека, па според последните информации, сериозно размислува да си поднесе оставка и да ја напушти актуелната гарнитура на клубот.

– Во овој момент, многу зборови се кажани и напишани за мене, обидувајќи се да се направи хипотеза за моите размислувања и мојот избор. Набрзо ќе ја дознаете мојата верзија и мојата гледна точка, тоа ќе го направам во вистинско време…., – гласи објавата на Тоти со која остави простор за многу шпекулации додека не се искаже подетално.



Спонзорирани линкови

Маркетинг