Ни Лампард, ни Мурињо: Челси има нов пик за наследник на Маурисио Сари

Дерби

13/06/2019

14:41

1.982

Големина на фонт

а а а

Маурисио Сари е се поблиску до премин од Челси во Јувентус, а тоа и официјално ќе се случи во следните неколку дена.

Не е тајна дека од раководството на Челси веќе работат на доведување замена за искусниот стратег на „Стемфорд Бриџ“. Кај првите луѓе на клубот постои дилема, дали да се донесе тренер кој има искуство или да се ангажира неискусниот, легендарен член на Челси, Френк Лампард.

Лампард останува високо на приоритетната листа на Марина Грановскаја и Роман Абрамович, меѓутоа и двајцата сега почнале да размислуваат за друго решение, искусниот Ралф Рагник.

„Билд“ пишува дека од Челси наскоро ќе го контактираат 60 годишниот стратег на Ред Бул Лајпциг кој ја напушти позицијата по крајот на оваа сезона за да стане шеф на спортскиот развој на сите клубови под капата на Ред Бул.

Сепак, понуда од Челси би била доста примамлива и би го натерала да размисли и да ја стави во мирување позицијата која ја доби од Ред Бул.

Најдоцна за две недели ќе се знае многу појасно кој ќе го предводи Челси следната сезона. Инаку, клубот од Лондон за противник во првото коло од Премиер лигата ќе го има Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг