Замената за Елмас во Фенербахче стигнува директно од ФК Вардар

Дерби

13/06/2019

14:03

1.403

Големина на фонт

а а а

Елиф Елмас речиси сигурно ќе го напушти Фенербахче, а во следните денови делегација од Атлетико Мадрид треба да допатува во Истанбул каде ќе се финализира неговиот премин во главниот град на Шпанија.

Од таборот на Фенер за неговите услуги ќе добијат 14 милиони евра, а во договорот може да биде вклучен и Никола Калиниќ кој би пристигнал во Турција како позајмен фудбалер.

Турскиот клуб ќе се обиде да го искористи истиот рецепт како со Елмас, па неговата замена ќе ја донесе повторно од Македонија, но сега од редовите на Вардар.

Турските медиуми пишуваат дека 19 годишниот фудбалер на Вардар, Али Адем е во плановите на Фенербахче за летниот преоден рок. Наводно за Адем се интересирал и Галатасарај, но прв до неговите услуги ќе стигне Фенер.

Адем слично како и Елмас може да покрива на двете позиции во средниот ред, и дефанзивната и офанзивната, па токму затоа влегол во нотесот на турскиот клуб.

Трансферот треба да го реализира неговиот агент Кице Рахман кој ја води агенцијата „КА Спортменаџмент“. Сезоната што измина Адем одигра 15 средби во дресот на Вардар и успеа да запише само една асистенција.

19 годишниот Али Адем е редовен репрезентативец на Македонија до 19 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг