Лејкерс со неверјоатна понуда до Њу Орлеанс за услугите на Дејвис

Дерби

13/06/2019

11:04

712

Големина на фонт

а а а

Јасно е дека Ентони Дејвис ќе си замине од редовите на Њу Орлеанс ова лето и од следната сезона ќе има нова средина.

Одличниот кошаркар кој најдобро се снаоѓа под кошевите е голема желба на Лос Анџелес Лејкерс, тим кој за неговите услуги ќе испрати понуда која не се одбива.

„Езерџиите“ во Њу Орлеанс ќе ги пратат Лонзо Бол, Брендон Инграм и ќе им дозволат на „пеликаните“ да го земат четвртиот пик на драфтот за следната сезона.

Тоа би била одлична зделка за двете страни затоа што Лејкерс би добил уште еден голем играч кој ќе му помогне на Леброн под кошевите, додека Њу Орлеанс ќе добијат два сосема солидни играчи во замена за Дејвис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг