Раиола излезе со кратка изјава за трансферот на Де Лихт во ПСЖ

Дерби

13/06/2019

10:31

1.056

Големина на фонт

а а а

Мино Раиола вчера беше уловен во Париз во моментите кога на големо се шпекулира дека ПСЖ е еден од главните кандидати за обезбедување на потписот на суперталентираниот Де Лихт, а оваа вест доби своја сензационална страна бидејќи еден француски новинар го искористи моментот за да се слика со Италијанецот.

Ласана Камара ја искористи совјата популарност на социјалните мрежи и порача дека Раиола се наоѓа во Париз за да ги заокружи финалните преговори со ПСЖ за трансферот на Де Лихт, а бидејќи оваа објава на францускиот новинар ја пренесоа сите познати светски медиуми, со своја реакција мораше да излезе и агентот на стоперот на Ајакс.

– Де Лихт во ПСЖ? Ова е класичен пример за тоа како се прави лажна вест. Човекот кој го гледате на сликата побара да се фотографираме заедно. Не знам кој беше тој господин, првпат го гледам во живот, не прозборев ниту збор со него, – порача Раиола.



Спонзорирани линкови

Маркетинг