Директорот на Јувентус отпатувал во Лондон: Сари наскоро се сели во Торино

Точка

13/06/2019

10:04

1.052

Големина на фонт

а а а

Маурицио Сари после само една година најверојатно ќе го напушти Челси и ќе се пресели во редовите на Јувентус.

„Бјанконерите“ се уште немаат назначено нов тренер откако неодамна му врачија отказ на Масимилијано Алегри и се очекува во следните неколку седмици да го ангажираат токму Маурицио Сари.

Наводно од лондонскиот клуб не сакале така лесно да се откажат од Сари, а тоа ги налутило во управата на Јувентус затоа што им било ветено дека Челси нема да му прави проблеми на италијанскиот тренер доколку сака да си замине.

Поради тоа, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи вчера отпатувал во Лондон каде што треба да преговара со Челси за висината на обесштетувањето. Наводно од Челси побарале пет милиони евра за раскинување на договорот, а од Јувентус им го нуделе Игуаин на позајмица без никакви трошоци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг