Вистинска војна во затвор! Камерите го снимиле дивеењето на еден од најголемите британски криминалци: Ги претепал стражарите, ја запалил кујната и покренал бунт!

Точка

12/06/2019

20:30

5.706

Големина на фонт

а а а

Безбедносните камери на британскиот затвор „Ful Saton“ во Јоркшир снимиле точно како и кога избил бунтот.

Сè се случило минатата година, но снимката е дури сега објавена, бидејќи му се судело на еден од лидерите на бунтот.

Насилството траело осум часа, а полицијата морала со пиротехника да го запре дивеењето на затворениците.

Особено се “истакнал“ 38-годишниот затвореник Џон, кој е осуден поради обид за убиство на двајца полицајци во 2010-та година во Лондон.

Џон, кога полицијата во една прилика го опишала како еден од најопасните британски криминалци, направил преку 15.000 фунти штета, разбивајќи ја затворската опрема.

Може да се види како удира полицаец по грб и по главата неколкупати. Полицаецот во тој момент ја заклучил вратата. Набрзо и останатите затвореници ја нападнале полицијата.

Осве тоа, Џон подметнал и пожар во кујната. Поради претходните обиди за убиства осуден е на 15 години затвор, а поради овој напад, додадени му се уште 6 години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг