Чернобил: Сценаристот од серијата за нуклеарната катастрофа ги повика туристите да ги почитуваат жртвите

Точка

12/06/2019

19:00

1.233

Големина на фонт

а а а

Откако една од туристките се фотографирала гола во текот на посетата на Чернобил, сценаристот на популарната HBO серија ги критикувал туристите. „Туристите кои го посетуваат Чернобил треба да покажат почит кон жртвите на нуклеарната катастрофа“ - изјавил авторот на серијата, Крег Мазин.

Во зоната во која во 1986-та година се случила нуклеарна катастрофа, некои од туристите се фотографирале со насмевка на лицето позирајќи пред затворената електрана. Една од туристките се фотографирала гола.

Мазин изјавил дека е прекрасно што луѓето го посетуваат Чернобил, но ги потсети туристите дека сепак таму се случи страшна катастрофа.

„Покажете почит кон сите кои патеа и кои се жртвуваа“ - напишал на Твитер.

##https://twitter.com/komacore/status/1137692054899908608##

Туристите обично го обиколуваат Чернобил и напуштениот град Припјат во кои живееле работниците од нуклеарната електрана со семејствата.

Во градот живееле 60.000 луѓе пред катастрофата, но сега таму нема никој. Овој “град на духови“ годишно го посетуваат 60.000 туристи.

Зоната на исклучување почнува од Украина, поминува преку Белорусија и покрива површина двапати поголема од Лондон.

По емитувањето на серијата, бројот на туристи кои ја посетуваат оваа област се зголемил, а знаменитостите на градот Припјат можат да се видат и на фотографиите на Инстаграм.

Споровите околу бројот на жртвите кои починале во текот на катастрофата и понатаму трае.

Според извештајот од 2005-та година, на лице место починале помалку од 50 луѓе, а проценето е дека околу 9.000 луѓе починале поради радијацијата.

Тоа што не е спорно е тоа што 5.000 луѓе оболеле од рак на штитната жлезда.

Токму за тоа зборува сценаристот на серијата кој додал дека последиците од катастрофата не смее да се заборават.

Ова не е првпат да се зборува дека е невкусно да се прават селфи фотографии на историски локалитети.

Пред пет години, американски тинејџер направил селфи пред Аушвиц.

Тоа не е единственото селфи кое е направено пред логорот во кој починале 1.1 милион луѓе во текот на Холокаустот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг