Хорнер очекувал подобар резултат

КРУГ.МК

12/06/2019

19:31

389

Големина на фонт

а а а

Сударот на Кевин Магнусен од Хаас го попречи квалификацискиот круг на Верстапен, по што тој беше 11ти, но по казната поради поправка на болидот на данецот и казната за Карлос Саинз, Макс тргна од топ 10.

Верстапен почна на хард компонентата затоа што имаше слободен избор на гуми и со такви пневматици доби неколку позиции поради тоа што подоцна влезе во бокс. Кон крајот на трката тој пријави и проблем со сопирачките.

„ИМАВМЕ УШТЕ ЕДНА СИЛНА ТРКА И ОДЛИЧНО СЕ ВРАТИВМЕ “ВО ИГРА“ СО МАКС КОЈ ОД 9ТО СТИГНА ДО 5ТО МЕСТО. ЗАГУБИ ВРЕМЕ НА ПОЧЕТОКОТ ПОРАДИ ПОБАВНИТЕ БОЛИДИ ПРЕД СЕБЕ, НО ДОЛГАТА СЕРИЈА НА ХАРД БЕШЕ СТРАТЕГИЈАТА КОЈА СЕ ПОКАЖА ОДЛИЧНА А НАС. ИМАШЕ МАЛ ПРОБЛЕМ СО СОПИРАЧКИТЕ ПОСЛЕДНИТЕ НЕКЛКУ КРУГОВИ, НО БЕШЕ УБЕДЛИВО НА 5ТО МЕСТО“, ОПИША ХОРНЕР.

Макс беше возачот кој напредуваше на трката, но вториот возач на екиапта, Пјер Гасли, почна од 5то место, а заврши на 8мо, зад двата болиди на Рено. Лошиот тајминг на менувањето на гуми им дозволи на возачите на француската фабричка екипа да го минат.

Хорнер смета дека времето кое Пјер го загубил зад Ленс Строл го чинело подобар резулат.

„СО ПЈЕР СЕ ОБИДОВМЕ НИЗ БОКС ДА ГО МИНЕМЕ РИКАРДО И ЗА МАЛКУ ЌЕ УСПЕЕВМЕ ДА НЕ ЗАГЛАВЕВМЕ ЗАД СТРОЛ ТОЛКУ ДОЛГО. ТОА ВО ИСТО ВРЕМЕ МУ ДОЗВОЛИ И НА ХУЛКЕНБЕРГ ДА СЕ ПРИКРАДЕ И ДА НЕ МИНЕ.

5ТО И 8МО МЕСТО НЕ НИ БЕА ЦЕЛ И ПЛАН, НО ГЛАВИТЕ НАДОЛЕ И ФОКУСИРАНИ СМЕ НА ПОЛ РИКАР“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг