Куртоа: Азар не доаѓа во Реал за да биде лидер, ќе има друга задача на теренот!

Дерби

12/06/2019

09:47

1.178

Големина на фонт

а а а

Тибо Куртоа одново зборуваше за трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид откако Белгија славеше сигурна победа над Шкотска, натпревар на кој капитенот на „црвените ѓаволи“ запиша една асистенција.

Азар играше со посебен елан на оваа средба откако пред неколку дена беше потврден неговиот трансфер во „кралскиот клуб“, а со оглед на тоа што Куртоа е играчот кој една година претходно направи идентичен премин, медиумите постојано го таргетираат белгискиот голман како најдобар извор за давање на интересни изјави.

– Азар не доаѓа во Реал за да биде лидер. Лидер не е потребен во тимот, за тоа е задолжен Серхио Рамос, тој е нашиот лидер на теренот, во соблекувалната. Азар ќе има друга задача, ќе има огромен придонес во нападот, ќе предизвикува страв кај противничките дефанзивци. Нема да им се тресат нозете, но ќе мора да го покриваат по двајца, а така ќе има простор за него, за Јовиќ, за Бензема. Ќе се вклопи многу добро. Знае да асистира, дрибла, дава голови. Очекувам многу од него, – изјави Куртоа по мечот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг