Милан наскоро го добива првото засилување

Точка

12/06/2019

10:04

1.643

Големина на фонт

а а а

Додека во Милан се случуваат промени практично во сите структури на клубот, се чини дека во управата подзаборавија дека за идната сезона ќе им бидат потребни нови фудбалери.

Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Малдини веќе во го договорил трансферот на талентираниот Стефано Сенси и токму тој би требало да биде првото засилување на Милан во летниот преоден рок.

Наводно од Милан на Сенси му понудиле плата од 1,8 милиони евра по сезона, а на Сасуоло ќе им исплатат околу 15 милиони евра обесштетување.

23-годишниот играч за врска минатата сезона на 28 одиграни натпревари во Серија А постигна два погодоци и додаде четири асистенции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг