Погба: Знам зошто добивам поинаков третман, изненаден сум до тоа што го доживеав во Јунајтед

Дерби

11/06/2019

21:15

2.317

Големина на фонт

а а а

Пол Погба е еден од играчите кои добија најжестоки критики на крајот од сезоната од страна на фановите на Манчестер Јунајтед, или поточно, Французинот беше единствениот фудбалер кој влезе и во конфликт со одредени навивачи по последниот меч со Кардиф.

Во овој момент, навистина нејасно е дали Погба ќе остане во Јунајтед наредната сезона, бидејќи доста веројатна опција е да стави крај на епизодата исполнета со огромен притисок со трансфер во клубот кој веќе подолго време го следи. Реал Мадрид предводен од Зинедин Зидан се очекува да направи исчекор за Погба ова лето, фудбалерот кој никако не успеа да ги оправда очекувањата кај фудаблските експерти во Англија, како и кај фановите на клубот кои веќе го загубија трпението со него.

– Фактот што мојот трансфер беше најголемиот во историјата на клубот, направи да бидам неправедно осудуван и да добивам поинаков третман од другите. Секогаш очекуваат повеќе од мене поради сумата која ја плати клубот. Добар натпревар се претвора во нормален натпревар, топ издание се претвора само во добро издание. Не очекував дека се ќе биде волку негативно. Кога потпишав со клубот, не бев навикнат да добивам толку негативни коментари. Тоа беше голема промена, навистина бев изненаден, не знаев дека потрошените пари го менува до толку мислењето кај луѓето. Можеби мислат дека јас ги имам парите, јас не ги потрошив тие пари и затоа не ја сфаќам причината за критики, – вели Погба во интервјуто за „LifeTimes“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг