Модриќ ги отвори вратите за звучни засилувања: Потребна е свежа крв во Реал, сега ќе имам поголема одговорност

Дерби

11/06/2019

20:30

1.890

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ полека влегува во години кога веќе добива статус на фудбалски ветеран, но фантастичниот хрватски фудбалер за врска смета дека се уште има доволно сила во себе за да остане во Реал Мадрид и да нуди партии како оние од минатата година кога беше прогласен за најдобар играч во светот.

Модриќ во новата сезона ќе биде еден од највозрасните играчи во „кралскиот клуб“, а како што вели самиот, таквата одговорност прави да биде пример за останатите млади фудбалери, како и за оние што се очекува да пристигнат ова лето. Реал дефинитивно ќе има далеку поинаков лик во новата натпреварувачка сезона, но и покрај засилувањата кои ќе пристигнат, Лука смета дека има доволно сила за да понуди добри работи на теренот.

– Се уште имам сила за да продолжам во Реал Мадрид. Очекувам подобар Реал во новата сезона, очекува тим кој ќе се бори за се, нешто што не беше случај оваа година. Сега сум еден од највозрасните во тимот, тоа е голема одговорност и се радувам што ја имам. Убеден сум дека Реал ќе има подобра сезона, да видиме дали ќе освоиме некој важен трофеј за нашите навивачи. Сигурно ќе дојдат многу важни играчи во тимот, потребна ни е свежа крв. Очекувам голема сезона на индивидуално ниво, но пред се на колективно. Со нетрпение чекам да започне новата сезона, – вели Модриќ во интервјуто со Хорхе Валдано.



Спонзорирани линкови

Маркетинг