СДСМ: Не е точно дека фирми на Анѓушев добивале тендери и од тоа профитирал

Макфакс

11/06/2019

17:11

1.184

Големина на фонт

а а а

Не е точно дека фирми на вицепремиерот Кочо Анѓушев добивале тендери и од тоа профитирал, реагира СДСМ по прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија тврди дека опозицијата не може да се помири со фактот дека парите на граѓаните веќе не завршуваат кај нивната фамилија, не се трошат на криминални тендери и сомнителни оф шор шеми за лично богатење на поединци.

„Вистината е дека ниту една фирма на на вицепремиерот Кочо Анѓушев не учествува на тендери и јавни набавки. Заврши времето на оф шор компании и шемите со фирми од Белизе. Денес сите компании имаат еднакво право и услови за учество на пазарот, а трговијата е слободна. Денес, сите имаат еднаков пристап и можности за учество на јавен повик за тендер, доколку ги исполнуваат бараните услови“, наведе ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг