Трамп се однесува супериорно: Испрати директна наредба до кинескиот претседател!

Точка

11/06/2019

13:05

3.721

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател упати закана до кинескиот претседател Си Џинпинг кој според него сега мора да се појави на „Г20“ самитот во Јапонија.

Доналд Трамп порача дека Кина ќе мора да се согласи на трговскиот договор со САД затоа што „ќе мора да го направи тоа“. Исто така, американскиот претседател нагласи дека Кина загубила милијарди долари откако тој станал претседател на САД.

Во денешното интервју за “CNBC”, Доналд Трамп порача дека дополнителни царини на кинеските производи веднаш ќе бидат воведени доколку кинескиот претседател Си Џинпинг не се појави на предстојниот самит на „Г20“ кој кон крајот на овој месец ќе се одржува во јапонскиот град Осака.


За време на интервјуто, Трамп застана во одбрана на користењето на царините, тврдејќи дека тие на САД им даваат „огромна конкурентска предност“.

„Договорот со Кина ќе биде постигнат, а знаете ли зошто? Поради царините. Кина е десеткувана поради компаниите кои масовно ја напуштаат Кина, заминуваат во други земји. Тоа го прават дури и нивните компании затоа што не сакаат да ги плаќаат царините“, изјави Доналд Трамп.


Запрашан дали кинескиот технолошки гигант “Huawei” е закана, Трамп одговори: „Да, тие се закана, но истовремено мислам дека би можеле да се договориме околу таа компанија во врска со трговските преговори со Кина“.

Според аналитичарите, американскиот претседател ги искористи царините за директно да му се закани на кинескиот претседател Си Џинпинг и практично да му нареди да допатува во Кина и да се сретне со него, за да го прифати американскиот предлог. Во спротивно, последиците по Кина ќе бидат прилично сериозни.



Спонзорирани линкови

Маркетинг