Арнаутовиќ ја изнасмеа цела Австрија со својата анализа за мечот во Скопје: Требаше да победиме со…

Дерби

11/06/2019

10:28

1.947

Големина на фонт

а а а

Марко Арнаутовиќ беше вистински лидер на теренот во победата која ја оствари Австрија на гостувањето на арената „Тодор Проески“, не само поради тоа што ја носеше капитенската лента, туку и поради фактот што постојано претстауваше најголема опасност за македонската одбрана, заедно со крилниот напаѓач Лазаро.

Напаѓачот на Вест Хем го заврши натпреварот со два постигнати гола, но можеше да постигне најмалку уште толку ако се знае дека во неколку наврати беше спречен од страна на Столе Димитриевски кој беше наша најдобра алка изминатава вечер. Поразот од 1:4 остави доста морално повредени играчи во нашиот состав, но во Австрија посебен хит стана урнебесната изјава на Арнаутовиќ кој направи голем лапсус додека даваше изјава по мечот.

– Против Словенија победивме минимално, но овојпат мислам дека требаше да победиме со осумцифрена или деветцифрена предност, – порача Арнаутовиќ кој измеша два сосема различни поими, па така неговата изјава доби комплетно поразлично значење од она што најверојатно го мислеше (победа од 8:1 или 9:1).



Спонзорирани линкови

Маркетинг