Македонија потклекна во второто полувреме, Австрија освои три бода во Скопје

Дерби

11/06/2019

01:46

1.380

Големина на фонт

а а а

Капитенот Горан Пандев го посочи натпреварот против Австрија како одлучувачки за нашите амбиции за второто место во групата, па иако очекувањата беа големи со оглед на позитивното издание во несреќниот пораз од Полска, вечерва доживеавме навистина незгоден удар во квалификациската група за Европското првенство.

Австрија демонстрираше навистина офанзивен фудбал оваа вечер на националната арена „Тодор Проески“, а главната разлика ја направи во второто полувреме во кое македонските репрезентативци комплетно паднаа по погодокот од пенал кој го постигна Марко Арнаутовиќ. Македонија поведе со автоголот кој го постигна Хинтерегер по неколкуте шанси кои не ги реализираа гостите, а кога се чинеше дека ќе имаме водство на полувреме, опасниот Лазаро одлично реагираше и израмни на 1:1 по асистенцијата од Лаимер.

За разлика од мечот со Полска кој се одигра во петокот, нашите играчи вечерва ја немаа потребната свежина, а тоа се покажа одлучувачка разлика во вторите 45 минути кои гостите ги искористија за да забележат убедлива победа. Арнаутовиќ беше прецизен реализатор на најстрогата казна во 62-та минута, истиот играч погоди за 1:3 во 82-та, а конечните 1:4 ги постави Лаимер со помош на несреќниот Бејтулаи.

Со новите три бода, Австрија не мина на табелата и сега има шест поени, два повеќе од Македонија која сега падна на петтото место.



Спонзорирани линкови

Маркетинг