Позната сумата која Реал ќе ја издвои за Менди

Дерби

10/06/2019

20:15

1.551

Големина на фонт

а а а

Ферлан Менди наредниве денови ќе биде потврден како ново засилување за Реал Мадрид, а шпанскиот клуб ќе издвои сериозна сума за францускиот лев бек.

Менди на Лион ќе му донесе 48 милиони евра плус бонуси, а потписот на договорот ќе го стави откако ќе ги мине повторените лекарски прегледи.

Се очекува тоа да се случи во среда, по што Менди ќе биде нов Французин во составот предводен од неговиот сонародник Зинедин Зидан, а овој потег може да го испрати Марсело во друг тим. Пред Менди, Реал веќе ги обезбеди и Азар, Јовиќ и Милитао.



Спонзорирани линкови

Маркетинг