Милан загубил 413 милиони евра за пет години

Дерби

10/06/2019

18:51

1.146

Големина на фонт

а а а

Финансиската ситуација на Милан е далеку од посакуваната за клубот, а анализата на „Кориере дело Спорт“ покажува дека „росонерите“ загубиле 413 милиони евра во последните пет години.

Само последните три години Милан имаше три различни сопственици, а оваа сезона најголем проблем е фактот што екипата не избори пласман во Лигата на шампионите.

Минатото лето беа инвестирани 190 милиони евра во засилувања и тоа по сезона во која имаа загуба од 126 милиони, поради што актуелната фискална година ќе биде заокружена со минус од 100 милиони евра. Затоа, Милан може да продаде фудбалер/и за да дојде до 30 милиони евра до 30. јуни, со што би имал поприфатлива негатива.

Згора на тоа, Милан е пред казна од УЕФА поради нарушување на правилата на Финанскиот фер-плеј, што е уште една ситуација поради која „росонерите“ ќе имаат потешкотии да ги остварат зацртаните цели.



Спонзорирани линкови

Маркетинг