Роналдо за Златната топка: Во мојата кариера сум немал лоша сезона

Точка

10/06/2019

15:22

1.376

Големина на фонт

а а а

Португалија синоќа ја совлада Холандија со 1:0 и ја освои Лигата на нациите, со што Кристијано Роналдо освои уште една титула во неговата богата кариера.

После натпреварот, Кристијано Роналдо проговори и за Златната топка и порача дека никогаш во неговата кариера немал лоша сезона, па така било и во текот на оваа сезона.

„Освоив три титули оваа сезона и бев добар како и секогаш. Во својата кариера никогаш сум немал лоша сезона, а ниту оваа сезона не беше поинаку“, изјави Кристијано Роналдо и додаде:

„Моите бројки во овие 16 години говорат се. Не знам дали ја заслужувам Златната топка, тоа им го оставам на оние кои ги даваат гласовите“, изјави Кристијано Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг