Фетел: Бев на подиумот против своја волја

КРУГ.МК

10/06/2019

15:20

2.192

Големина на фонт

а а а

Возачот на Ферари ја помина финиш линијата на прво место, но падна на второ по казната од 5 секунди која му беше доделена поради наводно “небезбедно“ враќање на патеката според стјуардите.

Хамилтон како резултат на тоа беше прогласен за победник, а Фетел очигледно не беше среќен, обвинувајќи ги стјуардите дека се слепи и инсистираше дека немал друга опција.

Веднаш по трката, Фетел го паркираше својот болид на почетокот на боксовите, не на крајот каде што е подиумот и истрча кон објектот на Ферари, додека Хамилтон ја прославуваше победата. Фетел потоа бил убеден да се појави на подиумот, но пред да го стори тоа, тој ги замени таблите за прво и второ место кои стојат пред болидите.

„НЕ САКАВ ДА УЧЕСТВУВАМ ВООПШТО. БЕВ ГНЕВЕН И РАЗОЧАРАН, МИСЛАМ ДЕКА СИТЕ СФАЌААТ ОД КОЈА ПРИЧИНА, НО СМЕТАМ ДЕКА ТРЕБА ДА СЕ ПОКАЖЕ ПОЧИТ КОН ЛУИС И ШАРЛ КОИ СЕ НА ПОДИУМОТ.

СЕКАКО НЕ САКАВ ДА БИДАМ ТАМУ, ВО ТОЈ МОМЕНТ САКАВ ДА СИ ЗАМИНАМ, НЕ СЕ ПОЈАВИВ ПО СВОЈА ВОЛЈА, НО МОРАВ ДА БИДАМ ТАМУ“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг