„Трамп со задоволство на Кинезите ќе им воведе нови царини“

Точка

10/06/2019

21:05

2.660

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за финансии, Стивен Мнучин изјави дека претседателот на САД „со задоволство“ ќе воведе нови увозни царини на стоката од Кина.

Мнучин порача дека Доналд Трамп ќе воведе нови царини на стоката која се увезува од Кина доколку со претседателот на таа земја, Си Џинпинг не успее да постигне трговски договор на предстојниот самит на „Г20“ во Јапонија.

„Постигнат е голем напредок и мислам дека 90% од работата е договорена. Кина оспоруваше некои работи, но барањата на Пекинг беа одбиени“, изјави американскиот министер Мнучин за “CNBC”.


Американскиот претседател веќе донесе одлука за воведување на царини на кинеската стока во вредност од 200 милијарди долари, а се најавува дека, доколку не дојде до договор, ќе бидат воведени и дополнителни царини на стока во вредност од 325 милијарди долари, со што ќе бидат опфатени буквално сите производи кои Кина ги извезува во САД.

„Ги прекинавме преговорите“, изјави Мнучин и порача дека се зависи од средбата на Доналд Трамп со кинескиот претседател Си Џинпинг во јапонскиот град Осака на „Г20“ самитот кон крајот на овој месец.


Мнучин наведе дека договорот со Кина ќе биде постигнат доколку „Кинезите тоа навистина го сакаат, а ако не се случи тоа, тогаш САД ќе продолжи со зголемувањето на царините“.

Пекинг и Вашингтон преговараат веќе еден месец околу трговскиот договор помеѓу двете земји, но засега договор нема. Меѓународниот монетарен фонд претходно предупреди дека спорот помеѓу Кина и САД околу царините би можел да го намали глобалниот економски раст во 2020-та година за половина процентни поени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг