Рамос го коментираше доаѓањето на Еден Азар во Реал Мадрид

Дерби

10/06/2019

12:33

1.757

Големина на фонт

а а а

Меѓу првите кои дадоа коментар за трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид беше капитенот на „кралскиот клуб“, Серхио Рамос.

Пред неколку дена и официјално беше потврдено дека Азар ќе биде нов фудбалер на клубот и сега се очекува само формално да се минат медицинските прегледи пред тој и официјално да биде претставен на „Сантијаго Бернабеу“.

– Тој е фантастично засилување. Азар е играч од светска класа и сигурно ќе биде огромно засилување за нашиот тим. Задоволен сум како течат подготовките за новата сезона што се однесува до засилувањата, - истакна Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг