Сè е готово: Оваа недела се комплетира големиот трансфер на Елиф Елмас

Дерби

10/06/2019

12:32

3.037

Големина на фонт

а а а

Веднаш по вечерашниот натпревар во кој Македонија ќе се сретне со Австрија, Елиф Елмас ќе го исчекува својот најголем трансфер во кариерата и еден од најголемите трансфери некогаш случени на македонски репрезентативец.

Имено, во текот на оваа недела, претставници на Атлетико Мадрид ќе допатуваат во Истанбул каде ќе се сретнат со првите луѓе на Фенербахче за да ги договорат финалните детали околу преминот на нашиот Елмас на „Ванда Метрополитано“. Најтиражните турски медиуми „Фанатик“ и „Хуријет“ пишуваат дека трансферот и официјално ќе се реализира на оваа средба и нема да има потреба за дополнителни преговори.

Наводно двата тима се договориле за трансфер вреден 14 милиони фунти, а „Фанатик“ пишува дека за време на официјалната средба ќе биде договорен и можен трансфер на Никола Калиниќ во обратна насока.



Спонзорирани линкови

Маркетинг