Роналдо со чудна реакција откако Бернардо Силва беше избран за најдобар играч на Лигата на нациите

Дерби

10/06/2019

12:30

1.730

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Португалија се закити со трофејот во премиерното издание на Лигата на нациите откако со минимални 1:0 славеше против Холандија во финалниот натпревар.

Победоносниот погодок го постигна Гонзало Гуедеш, меѓутоа признанието за најдобар играч на турнирот замина во рацете на Бернардо Силва.

Капитенот на репрезентацијата на Португалија, Кристијано Роналдо одигра одлични два натпревари, но тоа не беше доволно да се закити со тоа признание. Камерите го уловија фудбалерот на Јувентус во моментот кога Бернардо беше избран за најдобар играч на турнирот, а на снимката се гледа како Роналдо воопшто не му честита на својот репрезентативен колега.



Спонзорирани линкови

Маркетинг