Де Лихт откри каков трансфер совет добил од Роналдо по крајот на мечот: Навистина ме изненади

Дерби

10/06/2019

10:41

1.656

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо како капитен на Португалија придодаде уште еден трофеј во својата богата кариера, оној од новоформираното натпреварување на УЕФА кое изминатава ноќ доби свој расплет на „Драгао“.

Португалија ја освои Лигата на нации откако ја победи Холандија со 1:0, натпревар кој всушност го реши еден момент, или поточно погодокот кој го постигна играчот на Валенсија. Гонсало Гуедеш одлично биеше во 60-та минута и го совлада Силесен, но иако беше стрелец на единствениот гол, главни ѕвезди по крајот на финалето беа играчите кои се посебно атрактивни на трансфер пазарот. Еден од нив секако е Матијс Де Лихт кој е пред најважниот чекор во својата кариера, а навистина интересна беше ситуацијата по крајот на мечот кога имаше една симпатична конверзација со Роналдо.

– Сега ќе одам на одмор, малку да се одморам. За тоа време, ќе размислам што е најдобро за мене и ќе донесам одлука. За еден млад играч најважно е да игра, тоа е единственото што го знам, ќе барам клуб во кој ќе играм. Роналдо побара од мене да одам со него во Јувентус. Навистина ме изненади со таа петиција и затоа се насмеав. Не го сфатив на почетокот, не бев спремен за такво нешто, – открива Де Лихт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг