Пророштвото на Алмагро за Надал од 2008 година: Ќе го освојува Ролан Гарос се додека…

Дерби

10/06/2019

10:40

1.879

Големина на фонт

а а а

Рафаел Надал ги натера светските медиуми да го преименуваат Ролан Гарос во „Надал Гарос“, од едноставна причина што светскиот рекет број два вчера стигна до нова титула на грен слем турнирот во Париз кој е неговиот омилен на турот.

Шпанецот стана првиот играч во историјата кој стигнал до бројката од 12 трофеи на еден грен слем турнир, а неговата доминација кога е во прашање Френ Опен започна во веќе далечната 2005-та година кога имаше само 19 години. 14 години подоцна, Надал стигна до својата 12-та титула на Ролан Гарос, а неговата доминација најдобро се отсликува со учинокот кој го има во победи и порази. Билансот од 93 победи и само 2 порази најдобро ја отсликува тезата на Новак Ѓоковиќ кој своевремено порача дека најтешка работа во спортот е да се победи Рафа на „Филип Шатрие“, но сепак, во изминативе неколку часа вистински хит стана пророштвото на Николас Алмагро од 2008-ма година.

Фрустриран од играта која ја прикажуваше Надал на еден нивни меч во Париз, Шпанецот тогаш донесе урнебесен заклучок на теренот, а неговиот став стана вирален хит по 12-та титула на Рафа во Франција.

– Ќе го освојува Ролан Гарос 40 години во низа, се додека не наполни 65 години, – порача Алмагро во четвртфиналето пред 11 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг