Де Лихт станува најплатениот фудбалер во историјата на Ливерпул?

Точка

10/06/2019

11:06

2.487

Големина на фонт

а а а

Иако не е познато каде младиот холандски стопер ќе ја продолжи кариерата, јасно е дека за неговиот потпис се борат бројни великани.

Де Лихт веќе подолго време се поврзува со Барселона, а за 19-годишниот капитен на Ајакс исто така се заинтересирани и англиските великани – Ливерпул, Сити и Јунајтед, како и париски ПСЖ.

Наводно од Ливерпул биле понудени за услугите на младиот Холанѓанец да исплатат 70 милиони евра, а на Де Лихт да му понудат и огромна плата, односно највисока во историјата на славниот англиски клуб.

Се шпекулира дека од Јунајтед на Де Лихт му понудиле 236 илјади фунти неделно, од ПСЖ му понудиле 260 илјади, додека од Ливерпул му понудиле најмногу од сите, односно 300 илјади фунти неделно.

Со тоа, Де Лихт би станал најплатениот фудбалер во екипата на Клоп, надминувајќи го својот сонародник Вирџил Ван Дајк, како и Мохамед Салах кој заработува 200 илјади фунти неделно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг