Виктор Томас со објаснување: Вардар нè зачуди со промената на тактиката

Дерби

02/06/2019

14:37

2.739

Големина на фонт

а а а

На почетокот на минатиот месец мај, Ливерпул се погрижи за голем шок во Барселона на фудбалски план, но вчерашниот ден сигурно ќе се памети по нестварниот пресврт кој го изрежира нашиот Вардар против каталонскиот гигант кој вторпат во едно полуфинале падна на колена пред херојското срце на македонскиот првак.

Вардарци изрежираа второ полувреме за паметење и од негатива од седум голови отидоа на плус два на крајот, победа со која ги фрлија во делириум присутните фанови во Келн, како и цела македонска јавност. Ретко кој веруваше и му даваше шанса на Вардар за ново чудо во Келн, но избраниците на Парондо успеаја да се надминат себеси и да се вратат од невозможна ситуација. Играчите на Барселона беа буквално потопени по неверојатното враќање на Вардар, а дефинитивно најдобрата анализа ја даде капитенот Виктор Томас.

„Многу е тешко да се објасни што се случи додека ни се врели главите. Во вториот дел имаше момент кога комплетно спласнавме и ништо не одеше како што треба. Тие ја променија одбраната од 5:1 на 4.2 и тоа не зачуди. Со промената на тактиката одеа напред, се враќаа, а потоа арбитражата не извади од колосек. Повеќе се концентриравме на судиите отколку на самите себе и на крајот се случи тоа што никој не сакаше да се случи. Прокоцкавме предност од седум гола и затоа мора вината да ја бараме кај себе и да бидеме самокритични“ – порача Томас кој го искористи и својот официјален Твитер профил за да им се извини на навивачите на Барселона. 

– Извинете каталонци.



Спонзорирани линкови

Маркетинг