Вознемирувачка сцена на Ролан Гарос: Џумхур паднал на терен и почнал да лелека , Крајиновиќ притрчал за да му помогне

Точка

31/05/2019

09:22

4.199

Големина на фонт

а а а

Дамир Џумхур доживеал тешка повреда на натпреварот во парови на Ролан Гарос каде настапувал заедно со Филип Крајиновиќ.

Српскиот и босанскиот тенисер се “држеле“ прекрасно во дуелот против Рама и Салисбури и воделе 5:4 во првиот сет, но потоа се случила повредата на Џумхур заради која биле принудени да го предадат натпреварот.  

Џумхур во текот на еден поен се нашол во тешка ситуација кога пожртвувано се фрлил за да ја стигне топката, но силно удрил со рамото во земја што предизвикало пукање на два лигаменти и контузија на коските.

После падот само легнал на земјата и почнал да лелека од болки, а веднаш потоа за да му даде помош кон него притрчал неговиот партнер Филип Крајиновиќ.

„Сакам на кратко да ве известам за предавањето на натпреварот во парови. Уште е прерано да се каже колкава ќе биде паузата, но таа може да трае и до шест недели. Ќе ве известувам. Ви благодарам на поддршката“ - напишал Џумхур на својот Инстаграм профил со поставената снимка од моментот кога се случила таа повреда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг