Хамилтон го издржа притисокот на Ферстапен и го освои Монако

Дерби

26/05/2019

17:35

1.689

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон прв стигна на целта на Формула 1 трката во Монако, издржувајќи го притисокот на Макс Ферстапен, но последниот збор ќе го дадат стјуардите поради истрагата за дуелот меѓу овие двајца возачи во еден свиок во завршницата.

Ферстапен во текот на трката веќе доби казна од пет секунди поради што не успеа да избори подиум и ќе го освои само четвртото место, а ако нема промени, Хамилтон ќе биде прв пред Себастијан Фетел и Валтери Ботас. Шансите да има промени на конечниот пласман, но дополнително ќе бидат потврдени од стјуардите и ФИА.

Шарл Леклер рано ја заврши трката откако неговиот болид беше оштетен по еден дуел при престигнување, додека бодови освоија Гасли, Саинц, Квјат, Албот, Грожан и Рикардо.

Во генералниот пласман Хамилтон води со 137 бодови, Ботас има 120, додека Фетел е на третото место со 92 бодови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг