Како да се сестри: Сопругата и ќерката на Сталоне го засениле славниот актер на црвениот тепих во Кан

Точка

25/05/2019

16:28

4.501

Големина на фонт

а а а

На овогодишниот Кански филмски фестивал е прикажан и филмот “Rambo – First Blood”, првиот дел од франшизата “Rambo” што послужи како најава за најновото остварување – “Rambo – Last Blood”. Последниот филм ќе биде премиерно прикажан во кино салите ширум светот во септември 2019 година.

Секако, главната ѕвезда на црвениот тепих бил легендарниот Силвестер Сталоне кој во ова остварување ја игра главната улога, Џон Рамбо. 


Популарниот Слај за ваквата прилика носел црно одело и бела кошула. Силвестер ја имал поддршката од своето семејство - покрај него во Кан се појавиле и неговата сопруга, поранешната манекенка Џенифер Флавин, како и неговата ќерка, манекенката и актерка Систин Сталоне.


Мајката и ќерката блескале на црвениот тепих и го засениле самиот Сталоне на церемонијата на филмскиот фестивал. Систин и Џенифер носеле тесни, светкави фустани кои ги привлекувале сите погледи на присутните.


Инаку, “Rambo – First Blood”, прв од серијалот филмови за Џон Рамбо, премиерно беше прикажан во кината ширум светот во дамнешната 1982 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг