Венгер откри зошто англиските клубови доминираат во Европа во оваа сезона: Има две причини за тоа!

Дерби

25/05/2019

15:08

1.946

Големина на фонт

а а а

Англиските клубови се најдобри во оваа сезона на стариот континет, па така ќе гледаме две финални битки на премиерлигашите во Лигата на шампионите и Лига Европа, тоа се Ливерпул-Тотенхем и Челси-Арсенал.

Ова се случува за првпат од една држава да се сите клубови во завршните натпревари на ЛШ и ЛЕ, а тоа според легендарнито француски стручњак Арсен Венгер постојат две пречини:

-Прво, верувам дека сите луѓе во Англија добро работеа. Второ, тоа е последица на доминантната финансиска моќ на англиските клубови како и колапсот на традиционално силните европски тимови. Кога ќе кажам колапс, тоа е Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Јувентус – зошто? Бидејќи играчите кои правеа разлика во овие клубови остареа и повеќе не се во позиција да ја направат таа разлика. Доминантни играчи во Баерн Минхен беа Франк Рибери и Арјен Робен, ама денеска немаат физички потенцијал тоа да го направат. Истото е и во Барселона која остана без играчи како Чави и Иниеста, Реал го загуби Роналдо, во Јувентус старее Кјелини, а Буфон повеќе не е таму. Значи станува збор за силата на Англија и колапсот на другите големи доминантни сили кои сега ќе бидат на пазарот. Она што можам да го ветам е дека ќе имаме многу интересен трансфер период, интересна битка ова лето, -истакна Венгер за британски „Токспорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг