Трамп за оставката на Меј: Жалам за Тереза, таа е добра жена

Макфакс

25/05/2019

12:59

739

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател, Доналд Трамп, рече дека му е жал за британската премиерка Тереза Меј која вчера најави дека на 7 јуни ќе се повлече од функцијата. Трамп вели дека Меј е силна жена и дека работела напорно.

„Жалам за Тереза, многу ми се допаѓа, таа е добра жена, работи напорно. Таа е многу силна“, рече Трамп и најави дека ќе се сретне со Меј за две недели.

Во говорот, во кој на крајот се расплака, Меј рече дека длабоко жали што не успеала да ја изведе земјата од Европската Унија. Додаде дека таа работа му останува на нејзиниот наследник кој ќе мора да обезбеди консензус во Парламентот.

„Тоа е можно само ако двете страни сакаат компромис“, рече Меј.

Премиерката додаде дека е горда на напредокот што е остварен во последните три години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг