Ленард блескаше, Торонто победија во Милвоки

Макфакс

24/05/2019

12:24

1.761

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Торонто Репторс се на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата, откако во финалната серија на Истоткот, против Милвоки Бакс поведоа со 3-2. Изминатата ноќ, Репторс славеа во Висконсин со 105:99 и целосно ја свртеа серијата бидејќи предност од 2-0 имаа играчите на Милвоки.

Во триумфот на Репторс повторно најдобар беше Каваи Ленард со 35 поени (тројки 5/8), 9 скока и 7 асистенции. Неочекувано за Милвоки, најголемата помош Ленард ја доби од резервниот плејмејкер Фред Ван Влит кој постигна 21 поен (тројки 7/9).

Кајл Лаури забележа 17 поени, 7 скока и 6 асистенции, а Паскал Сијакам имаше двоен ефект од 14 поени и 13 скока.

Во редовите на Милвоки се истакна Јанис Адетокумбо со 24 поени и по 6 скока и асистенции, Ерик Бледсо постигна 20, а Малком Брогдон забележа 18 поени, 11 скока и 6 асистенции.

Првата меч топка Репторс ќе ја имаат в недела на домашен терен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг