Предупредување од Кина: Подгответе се за тешки времиња, мораме да оствариме нови победи за социјализмот!

Точка

22/05/2019

16:02

2.264

Големина на фонт

а а а

Кина мора да се подготви за тешки времиња, затоа што меѓународната ситуација е се покомплицирана, порача кинескиот претседател Си Џинпинг.

Кина и САД воведоа реципрочни царини на увозот на стока откако пропаднаа преговорите за решавањето на низа на спорни прашања помеѓу двете земји. Тензиите дополнително се зголемија откако од Вашингтон минатата седмица на црната листа го ставија кинескиот технолошки гигант Huawei кој наскоро нема да има поддршка од Google.

Во текот на тридневното патување низ провинцијата Џијангси на југот на Кина, Си ги повика локалните жители да извлечат поука од тешките периоди со кои Кина се соочувала наназад низ историјата.


„Денес мораме да ги надминеме сите големи ризици и предизвици на внатрешен и надворешен план и да оствариме нови победи за социјализмот со кинески карактеристики. Нашата земја се уште е во период на важни стратешки можности за развој, но меѓународната ситуација е се покомплицирана“, порача кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој истакна дека сите мораат да бидат свесни за долгорочните и комплицирани природи на неповолните фактори на внатрешен и надворешен план и на адекватен начин да се подготват за разните потешкотии.


Кинеските медиуми не прецизираа на кои тешкотии мислел претседателот Џинпинг, ниту пак тој лично го спомена трговскиот спор кој Кина го има со Соединетите Американски Држави.



Спонзорирани линкови

Маркетинг