Руски тајкун запалил оган, седнал во голем котел па пратил порака: "Вака се лечат разни болести"

Точка

22/05/2019

13:15

5.257

Големина на фонт

а а а

Бизарното видео наводно било снимено на ранчот на Стерлигов надвор од Москва, каде бизнисменот, кој заработил богатство по распадот на СССР, се повлекол кога се уморил од градскиот живот.

Мажот кој седи во голем бакарен котел над запален оган може да звучи како детаљ од некоја мрачна бајка, но тоа навистина се наоѓа меѓу содржините на ЈуТјуб каналот на еден руски бизнисмен. 

Станува збор за скандалозниот христијански тајкун, Герман Стерлигов. Во снимката објаснил дека ова е одличен начин да "излечите од разни болести".

"Само седнете и уживајте", вели тој. Рецептот за "лековитиот гулаш" кој Русинот го подготвувал вклучувал билки и многу сол.

Стерлигов е многу горд на својот лонец, кој, според неговите зборови, е стар 200 години и направен од вистински бакар, "а не модерен, направен од штетни материјали".

Бизарното видео наводно било снимено на ранчот на Стерлигов надвор од Москва, каде бизнисменот, кој заработил богатство по распадот на СССР, се повлекол кога се изморил од градскиот живот.

После тоа ги повикал сите да одат и да се искапат, бидејќи котелот не е само за него. Меѓутоа, како што рекол, дневно може да прими само еден пациент, бидејќи дезинфекцијата на котелот трае со часови.

Контроверзниот бизнисмен следи и проповеда фундаменталистичка верзија на руско христијанство, која е отфрлена од православната црква.

Познат е по своите анти-геј ставови, а на вратата на неговата компанија стоел знак кој вели дека хомосексуалци нема да биде послужени.

Продавал и шипки за физичко казнување на деца кои се однесуваат лошо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг