Нов изглед на банкнотите од 100 и 200 евра од 28 мај

Макфакс

22/05/2019

11:11

5.262

Големина на фонт

а а а

Европската централна банка во Франкфурт го претстави новиот изглед на банкнотите од 100 и 200 евра кои ќе бидат во оптек од 28-ми мај.

Станува збор за серија банкноти наречени Европа. На банкнотите доминираат карактеристиките на Европа, прекрасната феникиска принцези и божица по која го добил името Стариот континент.

Како безбедносна мерка на банкнотите ќе биде мал симбол на еврото (€) со цел да се намали или целосно да се спречи фалсификувањето на единствена европска валута.

Со новиот систем на заштита, банкарите и трговците треба релативно лесно да ги препознаат фалсификуваните примероци, а покрај новиот дизајн банкнотите се многу поквалитетни изработени од оние од првата серија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг