ВМРО-ДПМНЕ: Пред Собранието оставаме килограм квалитетно брашно за Павле да не се резили пред таксисти

Макфакс

19/05/2019

14:03

1.348

Големина на фонт

а а а

Се редат само образложенија што е тоа „пола” што Павле си го нарачува да му го спремат убаво, истакна денеска во изјава за медиумите, Сергеј Попов, член на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, кој симболично пред Собранието остави килограм квалитетно брашно.

„Павле подолг период е навлечен на ‘бело’ и тоа тип 500. Затоа му оставаме цело кило квалитетно брашно за да не се резили во иднина пред таксисти да нарачува по пола грам. Павле, брашново се купува во продавница исто како и маслото од канабис што се купува во аптека. Заеви ја садат марихуаната. Прашај ги. Немој да се резилиш со вакви образложенија“, му порача Попов на Богоевски, додавајќи дека ако пратеникот сака друг бел прашак, следниот пат ќе му остави и за перење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг