Бензема има специјален однос со Зидан: Тој е повеќе од пријател, тој ми е како постар брат…

Дерби

17/05/2019

19:49

1.475

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема има специјален однос со Зинедин Зидан, а тоа отворено го признава најдобриот напаѓач на „кралевите“.

Зидан пред неколку месеци се врати на кормилото на Реал Мадрид, а тоа дефинитивно го радува Карим оваа сезона на индивидуален план беше можеби и најдобра во неговата кариера.

-Имам специјален однос со него. Тоа е повеќе од пријателство, тој е дел од моето семејство, ама тоа не значи дека не ме критикува. Тој ми е како постар брат и многу ми помага, -истакна Бензема кој себеси се смета за лидер по заминувањето на Кристијано Роналдо.

-Тој е одличен играч кој не напушти. Дали ја сега сум лидер? Можеби, ама тимската работа е најважна, -рече голгетерот на се уште актуелниот европски првак.



Спонзорирани линкови

Маркетинг