Научниците откриваат: Хемикалиите од кремите за сончање брзо се апсорбираат во крвотокот

Точка

17/05/2019

18:23

2.028

Големина на фонт

а а а

Мирисот на омилените креми за сончање нè враќа во безгрижните летни денови и уживањето на плажа. И додека едвај чекате повторно на себе да ја нанесете кремата за сончање со заштитен фактор пред изложување на сонце, новата студија покажува дека хемикалиите од овие производи брзо се апсорбираат во крвотокот.

Сепак, последиците по здравјето (ако воопшто ги има) не се познати. 

Студијата која ја спровеле истражувачите од американската Управа за храна и лекови (FDA) покажала дека хемикалиите од производите за заштита од сонце по нанесувањето брзо продираат во крвта. Иако станува збор за мал број на учесници во истражувањето – само 20, за првпат било прецизно измерено нивото на хемикалии во крвта по употреба на ваквите средства.


Резултатите се објавени во магазинот JAMA, со напомена дека ова истражување не значи дека не треба да престанете со користење на креми со заштитен фактор, особено кога знаеме колкава е опасноста од изложеност на сончевите зраци без заштита.

“Никако не треба да престанете со употреба на производи со заштитен фактор”, нагласува еден од организаторите на истражувањето, дерматологот Канаде Шинкаи од калифорнискиот универзитет.

“Знаеме дека изложеноста на сончевите зраци може да биде причинител за појава на меланом”, заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг