Македонија „Горда“: Тамара се пласираше во финалето!

Точка

16/05/2019

22:55

13.452

Големина на фонт

а а а

Тамара Тодевска вечерва со песната „Proud“ настапи во втората полуфинална вечер на 64-та по ред Евровизија, која се одржува во Тел Авив, Израел.

Овации и силен аплауз добија Тамара Тодевска и придружните вокали по настапот на втората полуфинална вечер на Евровизија.


Тамара не успеа да ги совлада емоциите и заплака на крајот од неверојатниот настап, особено кога ја виде фотографијата од својата ќерка Хана.

Македонија после многу години конечно се пласираше во финале, а и ништо поразлично не очекувавме од овогодинешната наша претставничка!

Честитки за Тамара и нејзиниот тим! Навистина не' направи горди!



Спонзорирани линкови

Маркетинг