Османи: Вложувањето во европски знаења е најдобрата инвестиција денес

Макфакс

16/05/2019

13:57

829

Големина на фонт

а а а

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денес го претстави проектот „Со европско знаење до европската престолнина“ пред студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, заокружувајќи ја со тоа посетата на државните универзитети во земјава во насока на промоција на конкурсот на Секретаријатот за европски прашања, наменет за студентите.

Вицепремиерот Османи пред студентите направи краток осврт на состојбата во европските интеграции, претставувајќи ја сегашната позиција на земјата и тековните подготовки на структурите за преговарање, во насока на очекувањата за почеток на преговорите со Европската Унија оваа година. Притоа Османи ги поттикна студентите проактивно да се вклучат во креирањето на европската иднина на земјава, посочувајќи им дека токму во нив ги гледа идните вработени во домашните институции и институциите на ЕУ, кои работат на европската интеграција.

„Сметам дека е важдо сите слоеви од општеството да се вклучат во подготвувањето на нашето општество за трансформацијата што ни претстои, согласно европските правила, стандарди и вредности, а тука пред сè мислам на вашето вклучување како академски граѓани кои во иднина треба да ја преземат одговорноста за спроведување на овие процеси“, истакна вицепремиерот Османи, посочувајќи на сè поголемата важност во познавањето на европските процеси, знаења кои во моментов се дефицитарни во државава.

Во наредните денови, студентите кои ќе учествуваат на конкурсот за есеи се очекува да ги достават своите трудови до менторите, а потоа ќе следува и прогласувањето на победниците кои ќе патуваат на тридневна студиска посета на европската престолнина, Брисел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг