Заев и принцот Едвард: Партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина

Макфакс

16/05/2019

10:35

1.037

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата, Зоран Заев, присуствуваше на пригодната вечера што беше организирана по повод посетата на Неговото Височество принцот Едвард на Република Северна Македонија.

На вечерата, премиерот Заев и принцот Едвард се задржаа во куси разговори со гостите на вечерата, дел од стипендистите на академската програма Чивнинг на Велика Британија, претставници на организации што работат со деца и младинци, претставници на помладата генерација претприемачи од бизнис-заедницата, претставници на организации со програми за човекови права, како и со претставници на граѓанските организации.

Во своето обраќање, Неговото Височество принцот Едвард се заблагодари за топлиот прием во земјата при неговата повторна посета. На вечерата премиерот Заев и принцот Едвард изразија согласност дека партнерството меѓу Велика Британија и Северна Македонија ќе продолжи и во иднина, во областите за кои двете земји имаат заеднички интереси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг